еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Македонска државјанка спасена од давење во албанското одморалиште Шенѓин, друга ограбена во Валона

Повозрасна македонска државјанка е спасена од давење во познатиот албански пристанишен град Шенѓин, каде била на одмор.

– Станува збор за 70-годишна жена од Северна Македонија, која кога почнала да се дави, на помош и притекнале капачи кои биле во нејзина блзна. Ја извадиле на брегот, по што веднаш била пренесена за потребна лекарска помош во болницата во Лежа. Причините не се познати, пренесува Ора њуз.

Според истиот извор, македонските, заедно со косовските туристи се најбројни на плажите долж албанското крајбрежје. Поголем процент одмараат во Шенѓин, поради богатата борова шума и климата која е идентична со онаа во црногоското одморалиште Улцињ.

Друга македонска туристка, пак, била ограбена во Валона.

– Припадниците на полицијата од Комесаријатот во Валона го уапсија лицето И.Б. (34), жител на градот, за кој постојат основи на сомнение дека ограбил македонска државјанка. Додека таа се движела на улица во населбата „Студена вода“ во Валона, тој и ја грабнал чантата во која таа имала лични работи, се наведува полициското соопштение.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери повика на лидерска за потврда на изборите, расправата за Законот за ЈО денеска на собраниска седница

Редакција

Заев откако ќе ја слушнал новата „бомба“ за Рашковски ќе одлучел дали ќе бара оставка од него

Редакција

(Фото) По Османи, на Википедија навреди и за Ковачевски и Пендаровски: На премиерот му напишале и датум на смрт

Редакција