еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонските „Анонимуси“ топ-тема на Балканот поради хакирањето на страниците на Дуа Липа и Рита Ора

Македонските „Анонимуси“ се топ-тема и на Балканот.

Голем број на српски медиуми ја пренесоа информацијата дека тие ги хакираа сајтовите на пејачките со косовско потекло, Дуа Липа и Рита Ора.

Па така на пример rs.n1info.com објави информација со наслов: „Македонските хакери ги срушија сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора“.

Српски „Блиц“ пишува: „Стигна одмазда: Македонските хакери го срушија сајтот на Дуа Липа, па на светот се обратија: „Косово е поставено на сите мапи, како дел од Србија“ и тоа не е крај“.

„Мондо“ информира со наслов: „Срушени сајтовите на косовските пејачки, но не ги хакирале Срби, изненадување“.

Радио телевизија Црна Гора исто така ја пренесе информацијата дека македонските хакери ги урнаа сајтовите на Ора и Липа, а ги пренесоа и твитовите со нивната порака.

Речиси сите потсетуваат и на причината за хакирањето, кое следеше откако пејачката Липа на социјалните мрежи сподели карта на т.н. “Голема Албанија“ и предизвика гнев на Балканот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Дуа Липа не и е лут само Балканот, ќе трпи ли нејзината кариера?

Дуа Липа објави карта на „Голема Албанија„ и ги навреди Македонците, Србите, Црногорците и Грците

По сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора, македонските „Анонимуси“ ги хакнаа и министерствата за здравство и образование

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Русија остануваме Република Македонија: Не го менуваме ставот од пред 26 години

Редакција

Холандски параглајдерист падна на Галичица, со хеликоптер е транспортиран за Скопје

Редакција

Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение прифатливо за Скопје и Софија, вели германскиот државен министер за Европа Рот

Редакција