еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Мелани Трајковска ја доби титулата Кралица на модата на изборот Queen Eurasia 2023

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазиja (Queen Eurasia 2023).

Нашава држава ја претставуваше 17 годишната Мелани Трајковска од Делчево, која успеа да ја освои титулата Кралица на модата (Queen of fashion).

Победничка на изборот е претставничката на Унгарија.

Ова е уште една од низата титули кои девојките од Модното студио Црнокрак ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина кои се одржуваа ширум целиот свет и уште еднаш потврдија дека се вистински амбасадори на македонската убавина кај и да се појават.

На изборот учествуваше уште една девојка од Модното студио Црнокрак, 20-годишната Љубица Блажеска од Струга која исто така направи убав успех со пласманот во финале, меѓу најубавите 10 девојки.

Изборот се одржа во прекрасниот Cesar temple de luxe хотел во Белек-Анталија, каде девојките беа сместени и се подготвуваа за финалниот избор.

Во жирито кое одлучуваше за тоа кои девојки кје добијат титули се најде и нашата Сандра Стефановска, која беше победничка на овој избор 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Газа пред и после нападите од Израел

Редакција

За српската опозиција договорот од Охрид е предавсто, измама на граѓаните и отварање на патот кон Голема Албанија

Редакција

Шестмесечно бебе почина од Ковид-19, имало вродена аномалија на черепот

Редакција