Силното невреме и мразот предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија на градот Дебар и околни населени места, информираат од МЕПСО.
„Имено, тежината на мразот и силното невреме во мавровско-реканскиот крај соборија повеќе стебла при што едно дрво падна врз 110 киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље и предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Националниот диспечерски центар на АД МЕПСО регистрира безнапонска состојба денеска во 10:35 часот. Екипите на МЕПСО се на терен и со сите средства се работи на создавање услови за вклучување на далекуводот и снабдување на Дебар и околината со електрична енергија,“ се вели во соопштението.
Фото: МЕПСО
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.