Mercedes-Benz, со поддршка на акцијата за вакцинирање од Ковид-19. Фабриката за автобуси на Mercedes-Benz, заедно со компанијата Huber Group, изработија автобус, кој овозможува мобилно вакцинирање на дури 400 лица во текот на еден ден.
Внатрешноста на моделот Setra MultiClass S 415 LE, која се пречистува со помош на специјални филтри од присуство на вируси. е така прилагоден, што овозможува дигитален процес на вакцинирање, почнувајќи од регистрација, до консултации околу вакцината, како и самото вакцинирање.
Во следните неколку недели, автобусот ќе се користи во области каде на пример е неопходно постарите лица да патуваат повеќе се до првиот центар за вакцинација, а потоа вакви автобуси ќе бидат достапни и за компании и институции за вакцинација.