еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Министер во македонската влада на елитниот Новогодишен концерт на Виенската државна опера

Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа еминентна оперска куќа.

„Министерот Адеми, заедно со претставници на Министерството за култура, овој ексклузивен настан го проследи на лична покана од директорот на Виенската државна опера, Доминик Мејер, со кого оствари и работна средба.

На средбата со директорот на една од најзначајните оперски куќи во светот, министерот за култура Адеми разговараше за можностите за соработка меѓу оваа реномирана културна институција и националните установи од Република Македонија.

Во рамките на престојот во Виена, министерот за култура Адеми се сретна и со светски познатиот виолинист Шкелзен Доли, кој е член на Виенската филхармонија“, информираат од министерството.

Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија секоја година на едно место собира голем број државници, политичари, кралски семејства, јавни личности, а за карти се чека по неколку години.

Традиционалниот концерт секоја година е следен од страна на милионска публика во светот, преку малите екрани.

Фото: Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Современо лекување на неконтролираното мокрење и мускулите на карличното дно

Редакција

Најтопло во јули: Летово ќе биде со натпросечни температури и просечни врнежи

Редакција

Македонски автобус кој патувал кон Копаоник се преврте во Србија, има повредени

Редакција