еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) МојВоздух со сателитски податоци за загадувањето: Што може да се открие преку нив

Најновата верзија на апликацијата МојВоздух за Android има сателитски податоци над Балканот, информираше нејзиниот креатор Горјан Јовановски, пренесува medium.com.

Со помош на сателитските податоци може да се види движењето на загадувањето низ Македонија и Балканот од поголем размер. Со овие снимки не може да се видат поединечни загадувачи, но може да се види трендот на појавување, движење и снемување на загадувањето, како и негово навлегување од други држави во Македонија.

„Податоците доаѓаат од CAMS (Copernicus Atmosphere Monitoring Service), сервис за мониторирање на атмосферата од Европската Вселенска Агенција. За нивно генерирање се користат сателити (Sentinel 3), како и 7 софистицирани модели за обработка на податоците од повеќе европски земји.CAMS има податоци од цела Европа, а во МојВоздух тие се лимитирани над Балканот.

Податоците се објавуваат еднаш дневно (во 5 часот наутро) како анализа за претходните 3 денови. Мерењата се часовни, така што секој ден ќе има 24 мерења (слики).За сега во МојВоздух може да се следат PM10 и PM2.5 честичките, а на сервисот на CAMS може да се најдат анализи и за CO, NO2 и SO2.

Секоја точка на мерење е во опсег на 10km х 10km. Ова е лимитација на старите сателити. Наскоро ќе се вградат податоци од Sentinel 5-p, кој има помала резолуција од 7km x 3.5km, со кое што ќе се види подетална мапа на загадувањето“, објаснува Јовановски.

Извор: medium.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медицински отпад среде тротоар во Тетово

Редакција

Застрашувачка е листата на заболувања од аерозагадувањето

Редакција

Почнува кампања „Обединет Балкан за чист воздух”, во соработка со еко-организации од сите балкански земји

Редакција