еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) На влезот на Велес изгоре локомотива на Железници, нема повредени

Локомотива од товарен воз на ЈП „Македонски железници“ се запалила попладнето во близина на железничката станица во Велес, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од таму информираа дека интервенирале противпожарни екипи кои се уште се на терен, а железничкиот сообраќај на пругата е во прекин.

Во пожарот нема повредени лица.

– Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска од ЈП „Македонски железници“ (МЖ) е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз.

Притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни апарати.

Според последната информација, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај, се наведува во известувањето од ЦУК.

Се очекува комисија од МЖ да излезе и да изврши увид, по што би требало повторно да биде воспоставен железничкиот сообраќај.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичанец ги претепал сопругата и малолетниот син

Редакција

Пронајдени мобилни и и други недозволени средства при претрес во ќелиите на осудените во „Диво насеље“ во Идризово

Редакција

Прв пат во Брисел годината завршува без заклучоци за проширувањето на ЕУ, поради блокадата на Чешка и Словачка

Редакција