еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Турција ќе има втор круг од претседателските избори: Ердоган со минимално водство

Во Турција најверојатно ќе има и втор круг од претседателските избори.

Според пребројани 99,9% од гласовите, актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган на вчерашните претседателски избори освои 49,34%, а неговиот најсериозен противкандидат, Кемал Киличдароглу, зад кого застанаа шест партии, освои 44,99% од гласовите, пренесуваат утрово турските медиуми..

Третиот кандидат, Синан Оган доби поддршка од 5,23% од гласачите.

Доколку ситуацијата не се промени, Турција ќе оди на втор круг од претседателските избори, кој ќе се одржи на 28 мај, бидејќи никој не освои над 50% од гласовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студентите од ФИНКИ протестираа, бидејќи нема каде да учат

Редакција

Стечајот на Еуростандард банка ја „парализира“ Поштата: Запрено плаќањето на сметките, исплата на пензии…

Редакција

Господине Мицкоски кечап, мајонез во сендвичот? Хммм ќе ви кажам во среда

Редакција