еМагазин
Image default
Бизнис

Расте бројот на должници кон УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници објавени се 1.791 должници – правни лица (повеќе за 68 од претходната листа) и 3.404 физички лица (повеќе за 78 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг изнесува 8.548.751.260 денари, повеќе за 488.909.829 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.340.100.314 денари, повеќе за 489.302.639 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 208.650.946 денари (помалку за 392.810 денари од претходната листа).

Целата листа ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ пет најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горан Козаров назначен за директор на Топлификација Битола, нов правен субјект на ЕСМ

Редакција

Продадени акции од Комерцијална банка во блок-трансакции вредни 14,5 милиони денари

Редакција

Висината на платата зависи од местото на живеење: Каде има најголеми плати во Македонија?

Редакција