Во присуство на голем број на гости во преубав амбиент со добра забава, викендов беше отворен ресторанот “Ча-Ча“ во Point Retail Park во Скопје.
Ресторанот е уникатен во својот концепт и стил, уреден во комбинација на повеќе стилови каде играњето со ретро и модерен стил е направено до совршенство.
На повеќе од 300 м2 со кујна од отворен тип, тераса и разни удобни катчиња за седење, ресторанот „Ча-Ча“ ќе пружи услуга со високи стандарди, информираат од таму.
На менито во ресторан „Ча-Ча“ ќе можете да најдете врвни специјалитети на јадења, од пици, до тестенини, бургери, салати и десерти, а вистинско изненадување ќе бидат специјалитетите на куќата.
За добрата забава по повод отварањето на „Ча-Ча“ се погрижи приштинската група Стринг-Стринг, која направи одлична забава на која беа присутни најблиските соработници и пријатели на сопственикот Адријан Гаџа.
Ресторан „Ча-Ча“ е сместен во Point Retail Park кој се наоѓа во населба Бутел.