Најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), објавена денеска, покажува дека претседателот на Македонија, Стево Пендаровски има најголема доверба кај македонските граѓани.
Тој има целосна доверба од 12 отсто и 26 проценти делумна доверба, на второ место е поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, со 11 отсто целосна доверба и 19 отсто делумна доверба, а на трето актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со осум отсто целосна и 21 отсто делумна доверба.
Истражувањето е спроведено во периодот од 8 април до 4 мај 2023, преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците, на национален репрезентативен примерок од 1.204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг во анкета на ИРИ, води пред СДСМ со 8%
Фото: Кабинет на претседателот