еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Подвижна библиотека на „Браќа Миладиновци“ ќе ги посетува населбите и ќе го опслужува учениците со книги

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје изминатиот период набави нова подвижна библиотека – Библиобус.

„Подвижната библиотека – Библиобус е адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици и има за цел промоција на книгата, достапност на информациите, развој на културата на читање, како и создавање навика за читање кај детската популација.

Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта во Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.

Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план.

Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки и клонови.

Учениците се ослободени од наплата на амортизација на позајмените книги“, соопштуваат од Град Скопје.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Нуркачи ги осветлија водите на Охридското Езеро во боите на ретките болести

Редакција

„Музеј на иднината“ – нова изложба од кампањата Зелен договор на ЕУ

Редакција

„Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника

Редакција