еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Полицијата во Скопје одзеде шест возила поради учество во „диви трки“

Полициски службеници од Одделението за безбедност при сообраќај при СВР Скопје синоќа околу 21:40 часот одзедоа шест возила поради учество во „диви трки“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– На 20.08.2022 околу 21.40 часот на ул. Бојмија во Скопје полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје одзедоа шест возила, поради учество во т.н. диви трки, велат од МВР.

Оттаму информираат дека возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед каде ќе им биде извршен вонреден технички преглед и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возилото најдено, се трага по 29-годишниот возач кој усмрти девојче на пешачки премин во Велес

Редакција

Уапсен 33-годишник од Скопје поради сомнение дека го убил својот татко

Редакција

Автобусите на ЈСП утре ќе возат до 9 часот

Редакција