еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Прелет на американските бомбардери Б-52 над Скопје

Два воени воздухоплова од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, соопшти Министерството за одбрана.

Во однос на прелетот на двата американски бомбардери, потполковникот Јован Азмановски од  Генералштабот на Армијата истакна дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо.

– Граѓаните на Скопје и С Македонија денеска можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, коишто го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците, рече потполковникот Азмановски.

Министерството информира дека бомбардерите Б-52 во Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар.

Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Оставка ми бараат корумпирани политичари што спијат на прачки злато и евра: Николоски за реакциите на Борисов и Радев

Редакција

Убиен доктор во скопска Железара, телото го нашле синовите

Редакција

Каков имот пријавила разрешената директорка на Пошта, кадар на АА, која застана зад Таравари

Редакција