еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиен доктор во скопска Железара, телото го нашле синовите

Синоќа во скопска Железара е убиен 67-годишен доктор, а неговото тело било пронајдено од неговите синови во неговото возило во близина на поранешната фабрика Железара

– На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т. (67) од Скопје.

Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиениот доктор во скопска Железара има повеќе убодни рани: Детали од Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Редакција

Шилегов го призна поразот, Данела Арсовска е првата градоначалничка на Скопје

Редакција

ОН: Над 8.000 цивили загинаа од почетокот на војната во Украина пред една година

Редакција