еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шилегов го призна поразот, Данела Арсовска е првата градоначалничка на Скопје

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, која беше поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа во вториот круг на изборите.

Во обраќањето, Арсовска им се заблагодари на скопјани за укажаната доверба што за првпат по 30 години независност Скопје добива жена градоначалник и најави дека веднаш ќе започне со реализација на проектите од нејзината изборна програма.

Дел од нив, како што рече, ќе се реализираат уште во првите 82 дена од мандатот.

– Не можам да изразам колку ми значи што сите вие скопјани ја поддржавте мојата визија и ги поддржавте моите проекти што ги имав во оваа кампања. Меѓутоа, пред се, што одбравте да верувате на човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водат градот Скопје и да бидам ваш човек во градот.

По тешки битки, ако можам така да се изразам, во оваа кампања мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување и на мое големо задоволство истакнувам дека за првпат во 30 години независна Македонија Скопје има жена за градоначалник, рече Арсовска.

Додаде дека разликата со нејзиниот противкандидат е над 20 илјади гласови и најави дека Скопје ќе го трансформира во чист, зелен и модерен град.

Шилегов го призна поразот и изрази задоволство што Скопје го остава во позиција за да продолжи неговиот развој

Досегашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов вечерва го призна поразот и и честиташе на неговата противкандидатка Данела Арсовска.

Тој изрази благодарност до неговиот тим со кој работел во изминатите четири години и успеале да остават, како што рече, неизбришливи траги со кои Скопје е оставен во позиција за да продолжи неговиот развој.

– Нашите булевари, нашите мостови, нашите покриви, веќе никој не ќе може да ги избрише. Драго ми е што Скопје го оставивме во позиција за неговиот развој да мора да продолжи. Ние ќе бидеме тука за сите прогресивни сили, за Скопје да продолжи да расте како развиен и модерен град.

Нема да дозволиме да ни се случуваат силувања на градот како во минатото, изјави Шилегов на заедничката прес-конференција со Зоран Заев, кој поднесе оставка од функцијата лидер на СДСМ и премиер на Владата.

МИА/Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Зоран Димитровски, заменик министерот за локална самоуправа

Редакција

Убава вест: 48 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Јанушев доби условна осуда за набавката на кинеските автобуси

Редакција