Денеска беше промовирана новата Единица за интервентна полиција што ќе делува на територијата на градот Скопје, а ќе работи во состав на Секторот за внатрешни работи во Скопје.
Единицата е формирана од досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција Алфи и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт.
Единицата е формирана на основа на моделот на интервентната полиција во Загреб, Хрватска.
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.