еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Разубавување пред туристичката сезона: 600 чадори во боја го красат шеталиштето во Струга

По примерот на западноевропските градови, екипи на јавното претпријатие „Комунално“ го украсија новото шеталиште во Струга со чадори во боја.

Директорот на претпријатието Иќмет Ислами информира дека по теркот на западноевропските градови, 10 метри од шеталиштето се покриени со околу 600 чадори.

Целта, според него, е граѓаните, кои го користат шеталиштето да се чувствуваат пријатно во естетска смисла, но и за заштита од сонцето.

– Гледајќи ги другите градови во Европа одлучивме идејата да ја донесеме и во нашата убава Струга. Да направиме нешто убаво како што се украсуваат градовите во западноевропските земји, зошто да не е и кај нас, изјави Ислами за МИА.

За реализација на проектот, ЈП „Комунално“ има инвестирано околу 120.000 денари.

МИА/Фото: МИА/Фејсбук/Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На површината на Месечината пронајдена вода со помош на телескопот Софиа

Редакција

Од утре во пунктот “Пролет“ ќе работат 14 базни станици, а од понеделник ќе работи во две смени

Редакција

Српски политичар објави фотографии од возилото со кое е киднапирана Вања, најави и снимки

Редакција