Пејачот Рики Мартин (51) на социјалните мрежи соопшти дека по шест години брак се разведува од сопругот, уметникот Џван Јозеф (38).
Тие се венча во 2018 година.
Рики и Џван ја имаат ќерката Лусија родена во 2018 година и синот Рено роден во 2019 година.
Мартин од претходно ги има и близнаците Матео и Валентино, родени во 2008 година.
„Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и односи засновани на мир и пријателство за да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг“, стои во нивната заедничка изјава.
Фото: Рики Мартин/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.