еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Шеталиштето на кејот „13 Ноември“ во Скопје го менува ликот, ќе биде готово до почетокот на летото

Реконструкцијата на кејот „13 Ноември“, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов, се одвива со забрзана динамика и на почетокот на летото скопјани ќе добијат нов кеј за уживање, информираат од Град Скопје.

– Градежните активности на терен се интензивирани. Отстранети се централните и предните делови на терасите на угостителските објекти, со што е ослободено шеталиштето и прекрасниот средишен дрворед, што е едно од најатрактивните места во нашиот град.

Изминатиов период се работеше на обновување на целокупната подземната инфраструктура, а во моментов се работи на поплочувањето на кејот и моите очекувања се дека во втората половина на јуни, на почетокот на летото, скопјани ќе добијат нов кеј за уживање, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Овој проект е во вредност од 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Буџетот на Град Скопје.

Со реконструкцијата е опфатено целосно ново поплочување, патека за лицата со инвалидитет, високо зеленило – дрворед, поставување клупи, смарт клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање и движење по кејот „13 Ноември“.

На новиот кеј ќе биде ослободено повеќе место за велосипедистите и пешаците преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила.

Терасите кои што ќе ги користат угостителските објекти ќе бидат унифицирани и поставени на начин што ќе овозможи да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни развиени дрвја, велат од Град Скопје.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Редакција

„Скопје сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Редакција

Во Скопје санкционирани 409 возачи

Редакција