еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Со чаша филтрирана вода, Дарко Рундек наздрави за 25 години Екотип и за одржлива иднина за сите

За својот 25-годишен јубилеј, македонската компанија Екотип воспостави стратешко партнерство со Aquaporin – водечка светска компанија за иновативни системи за филтрација на вода, кои се базираат на откритие наградено со Нобеловата награда, а чија технологија ја користат НАСА и Европската вселенска агенција, информираат од таму.

Стратешкото партнерство со Екотип го поздрави и Петер Холме Јансен, основач и главен иновациски директор на Aquaporin, кој за оваа прилика специјално допатува во Скопје.

Ова најново стратешко партнерство му овозможува на Екотип да ги понуди на домашниот пазар, како и во уште 30 други земји, овие иновативни технолошки решенија кои се тестираат во вселената, од страна на астронаути во Меѓународната вселенска станица, а наоѓаат широка примена во многу индустрии и во домовите на луѓето низ целата планета.

„Околу 70% од површината на Земјата е покриена со вода, но помалку од 1% од неа е безбедна за пиење… и ситуацијата се повеќе се влошува. Нашата најважна компаниска мисија е преку стратешките партнерства што ги развиваме со водечките светски високо-технолошки гиганти да понудиме иновативни решенија кои ќе помогнат во зачувување на највредните природни ресурси, меѓу кои секако е водата.

Среќни сме и особено горди што првите 25 години од нашето постоење ги заокружуваме со уште едно значајно стратешко партнерство, како што е ова со Aquaporin, кое ни овозможува да го направиме светот почисто и поздраво место за живеење“, изјави основачот на Екотип, Илија Андреевски.

Покрај во областа на филтрација на вода и останати течности, преку иновативниот пристап, соработката и стратешките партнерства со реномирани светски hi-tech компании, во изминатите 25 години Екотип успеа да се позиционира како водечка домашна компанија која нуди најсовремена опрема, системи и софистицирани технолошки решенија и во области како се: производство на електрична енергија од сонцето (фотоволтаици), филтрација на воздух, заштита при работа и други, како и во производството на храна и пијалаци, медицината, фармацијата, автомобилската, металната индустрија и микоелектрониката.

Упатувајќи голема благодарност кон сите партнери, вработени и клиенти кои имаа одлучувачка улога за развојот на Екотип во изминатите 25 години, Андреевски порача: „Следните 25 години имаат огромен потенцијал за нашите партнерства. Стоиме на работ на ера на големи промени и иновации во која одржливите решенија и технолошкиот напредок ќе ги обликуваат нашите животи.

Ние го знаеме патот и ги имаме решенијата. Заедно ќе продолжиме да ги поместуваме границите на иновациите, обезбедувајќи ја најсовремената опрема што ги надминува сите очекувања. Нашата заедничка посветеност за грижата за животната средина и одржливоста ќе нѐ води напред, обезбедувајќи посветла и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат“.

Инаку, специјален гостин на прославата на 25-от роденден на Екотип беше хрватскиот пејач и гитарист Дарко Рундек, познат на домашната јавност како фронтмен на еден од најпопуларните музички групи на сите времиња на овие простори – Хаустор и човек кој со својот животен стил и творештво ги дели истите вредности за одржлив развој како и луѓето што го сочинуваат Екотип.

Повеќе информации за Екотип се достапни на: ecotip.com.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вардарградба“ го доби тендерот на Општина Центар за реконструкција на улица „Орце Николов“ вреден 1,2 милиони евра

Редакција

„Виз ер“ ја објави својата намера да формира нова авиокомпанија во Малта

Редакција

Ковачевски: Францускиот предлог е солидна основа за градење став, инкорпорирани се нашите забелешки

Редакција