еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Струга забрани шетање низ градот во бикини и костуми за капење, поставени се и предупредувачки знаци

Општина Струга забрани шетање низ градот во бикини и костуми за капење, а веќе се поставени и предупредувачки знаци.

-Заради почитување на јавниот ред, особено во летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од чаршискиот мост до зелениот пазар) во текот на денот е забрането шетање во бикини и гаќички за плажа.

Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим да ги почитуваат правилата за добро однесување и јавен ред со тоа што не изложуваат голотија на јавни места и простори.

Вашето однесување е слика за градот, затоа заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика за една туристичка дестинација како што е Струга, информираа од Општината.

Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Тетово од Ковид-19 не починала 19-годишна девојка, туку пациентка на возраст од 60 години

Редакција

Во згрижувачко семејство сместени децата кои беа оставени во автомобил во Ново Лисиче

Редакција

„Во новата влада влегува и Сашо Мијалков како министер за правда“: Твитер реакции за предлогот на Заев за заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ

Редакција