еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Словенија Мицкоски се сретна со Орбан

Во рамки на настан на Центристричката демократска интернационала (CDI-IDC) што се одржува во Блед, Словенија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретнал и со премиерот на Унгарија и лидер на ФИДЕШ, Виктор Орбан, информираа од партијата.

-Разговаравме за регионот и прашања поврзани во интеграциите на Македонија во ЕУ.

Ја потенциравме потребата од економска соработка и борбата против корупцијата и криминалот како регионален предизвик.

Со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕШ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори.

Се заблагодарив на поддршката на Унгарија која ја добиваме во насока на остварување на стратешките интереси на Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Во Блед, Мицкоски имал средба и со хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристе Миладинов, директен потомок на браќата Миладиновци, љубовта кон театарот и публиката го држат на сцена 55 години

Редакција

Што пишува во барањето на Министерство за правда за екстрадиција на Никола Груевски

Редакција

Пукањето во куќата во Тетово е поврзано со убиството и ранувањето на двајцата браќа пред тетовската болница?

Редакција