еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Втора хуманитарна акција на BtoBet со „Ретвитни оброк“

Вработените на BtoBet по вторпат ја поддржаа неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“, приготвувајќи оброци за своите социјално загрозени сограѓани, информираат од таму.

По првата успешна акција реализирана минатата година, а како дел од своите општественo одговорни практики, компанијата повторно волонтираше во една од редовните акции на „Ретвитни оброк“.

„Среќни сме што повторно имавме прилика да соработуваме со оваа хумана иницијатива и да дадеме мал придонес за нашите сограѓани во социјален ризик. Преку ова, сакаме да испратиме порака дека она што за некого се подразбира, а претставува основна и секојдневна потреба како што е топлиот оброк, за жал за некого е луксуз.

Со ваквите активности го зајакнуваме чувството на заедништво и солидарност, споделуваме грижа, но и преку пример ги поттикнуваме останатите чинители во заедницата со малку труд да направат големо дело“, изјави Љупка Ивановска, координатор за човечки ресурси во BtoBet.

ИТ компанијата континуирано остварува соработки и реализира активности со кои ги промовира своите корпоративни заложби за општествена одговорност и враќање на заедницата. Меѓу нив се соработката со Институтот за трансфузиона медицина, редовните активности со Црвен Крст, еко-акциите со Kajak.mk, соработка со иницијативата „Донирај компјутер“ и многу други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мини и Макси на Државна лотарија додели уште еден BMW X1

Редакција

Студенти го учат бизнисот во македонските компании кои се дел од групацијата „Балфин“

Редакција

Легендарната Клаудија Кардинале и оскаровецот Роџер Дикинс пристигнаа во Македонија

Редакција