еМагазин
Image default
Забава

(Фото) Зоолошка градина Скопје доби уште една принова, се роди камила

Од Зоолошка градина Скопје денеска на нивниот Фејсбук-профил соопштија дека се родило бебе – двогрба камила.

– За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела.

Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела.

Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе, велат од Зоолошка градина Скопје.

Во текот на изминатата недела во Зоолошката градина се родија и лама и лемур.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во Зоолошката градина во Скопје се родија лемур и лама

Фото: Скопје ЗОО/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мухамед Ибрахими со концерт во Филхармонија

Редакција

Љупчо Крстевски (мr.ljube) избран за Маж на годината според социјалните медиуми за 2024 година

Редакција

(Фото) И покрај дождот, Стинг во моментов е на проба на Градски стадион

Редакција