Фотографија на македонскиот фоторепортер Роберт Атанасовски се најде на листата на фотографии кои ќе ја одбележат 2018 година, во организација на компанијата „Никон“ и новинската агенција „Франс прес“, со која, Атанасовски соработува.
Доделувањето на наградата ќе се одвива од 8 до 14 октомври.
Фотографијата на Атанасовски го покажува загадувањето на Скопје, фотогафирана е од Водно и се гледаат само облакодерите „Џевахир“, додека цело Скопје е под облаци и магла.
Извор: https://lemag.nikonclub.fr/20-photographies-2018-afp/
Фото/Роберт Атанасовски за АФП
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.