еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Францускиот предлог е еден голем напредок во корист на нашата држава, велат од партијата на Љупчо Георгиевски

ВМРО – Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот Парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да се тргне ветото кон Македонија, не само што се отвора патот на Европската интеграција на државата, туку и дефакто ја поништува претходната одлука на бугарскиот парламент на која беше донесена познатата рамковна позиција за Македонија.

„Со која рамковна позиција да се потсетиме Македонија требаше самата да објави дека „македонскиот јазик и македонската нација потекнуваат од 1945 година, а пред тоа биле бугарски“.

Според тоа ВМРО – Народна партија смета дека францускиот предлог е еден голем напредок во корист на нашата држава и за тоа сакаме посебно да го поздравиме преговарачкот тим на Македонија.

ВМРО – Народна партија смета дека францускиот предлог треба да претрпи одредени корекции но исто така повикуваме нашата држава да не ја испушти оваа шанса.

Во таа насока посебно сме непријатно изненадени дека кај најголем дел од противниците на францускиот предлог се уште сметаат дека најголем проблем е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Оваа позиција не можеме да ја разбереме и навистина сакаме да споделиме дека тоа не само што не е проблем туку е и голем исчекор за Македонија,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жестоки реакции за транспарентите „Македонија е Бугарија“ во бугарското Собрание, од ЕУ молк

(Фото) Отворени територјални претензии во бугарското Собрание: „Македонија е Бугарија“

Фото: ВМРО-Народна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војната во Украина го направи процесот на проширување на ЕУ политички, рече Лајчак на „Преспа форум за дијалог“

Редакција

Починаа уште осум нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка на починати е 359

Редакција

Дајте ни повеќе ЕУ интеграција пред полноправното членство, побара Османи на конференцијата во Рим

Редакција