еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Францускиот предлог е успех за Бугарија, изјави копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Иванов

Францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од С. Македонија е успех за Бугарија. Отфрлањето на тоа е пропуштање можност за добар договор, изјави за БНР копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Иванов, Бугарија е на пат да ја пропушти можноста за добра зделка што ја направи француското претседателство. Најважниот параметар на овој договор, како што вели, е дека ќе има обврска од Европската комисија да следи дали  С.Македонија ќе ги вклучи Бугарите во Уставот на земјата како другите народи кои се основачи на републиката, а не како малцинство.

-И ако тоа не се случи, нема да има преговори за првото поглавје. Ова е успех за бугарската дипломатија и ова не е национално предавство, рече Христо Иванов.

Тој го критикуваше однесувањето на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска. Надворешната политика на Бугарија ја одредува владата на државата. И од оваа гледна точка, според Иванов, секој министер кој тврди дека можеби има некоја друга политика едноставно си поднесува оставка, како и обично.

А тоа го направи кога беше министер за правда на Бугарија за време на третата влада на Бојко Борисов помеѓу 2015-2017 година.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ ќе дели дивиденда од 25,9 милиони евра

Редакција

Во Бугарија има и ќе има Македонци, му порача на Петков од ОМО Илинден – Пирин

Редакција

(ВИДЕО) Катастрoфални поплави во Германија: 30 лица исчезнаа, десетици куќи пред рушење

Редакција