еМагазин
Image default
Свет

Французите кои примиле прва доза „АстраЗенека“ ќе добијат втора доза од „Фајзер“ или „Модерна“

Француските здравствени власти препорачаа пренасочување на лицата кои ја примиле првата доза од вакцината “АстраЗенека“ кон другите вакцини за втората инјекција, односно “Модерна“ и “Фајзер“, јави дописникот на МИА.

Точно 533.302 лица на возраст под 55 години во Франција кои ја примиле првата доза на вакцина „АстраЗенека“ помеѓу саботата 6 февруари до сабота на 13 март, се очекува да ја добијат својата втора инјекција со РНК вакцина, односно оние произведени од “Фајзер“ и “Модерна“.

Предвидувајќи го објавувањето на мислењето, министерот за здравство Оливие Веран изутринава процени дека оваа препорака е „целосно логична“, нагласувајќи дека станува збор за мерка на претпазливост која не е конечна и може да се развива врз основа на нови податоци.

На 15 март, суспензијата на вакцината на англо-шведската фирма ја објави претседателот Емануел Макрон, по синџирот на слични одлуки во неколку европски земји, по појавата на случаи на сериозни тромбоемболиски настани кај вакцинирани лица.

Доколку администрацијата на вакцината продолжи во Франција, неколку дена подоцна, во согласност со поволните заклучоци на Европската агенција за лекови (ЕМА), францускиот здравствен орган препорача, според своето мислење од 19 март, да се резервира вакцината за над 55 години.

Прашањето кое се постави, што со лицата под 55 години кои веќе се вакцинирани со првата доза на “АстраЗенека“. Тоа стана итно, бидејќи првите лица кои требаше да се вакцинираат со втората доза се закажани за во средината на април, а втората доза треба да се инјектира во рок од дванаесет недели.

Оваа втора инјекција првенствено се однесува на медицинскиот персонал на кои им е отворен пристапот до вакцината “АстраЗенека“ на 6 февруари во центрите за вакцинација.

Изутринава на радиото РТЛ, министерот за здравство Оливие Веран потсети дека „билансот на ризик-корист“ околу оваа вакцина беше „многу, многу поволен“.

– Сметајте дека имате 0,2 лица од 100.000, односно две лица во милион, кои можат да имаат потенцијално сериозен несакан ефект, увери министерот за здравство.

Тој исто така истакна дека, од друга страна, „еквивалент на 1.000 луѓе, во оваа возрасна група, може да претстави сериозни форми на Ковид-19.

– Имате статистички многу поголем ризик, но навистина, навистина поголем, да имате компликации од Ковид-19, отколку да имате несакани ефекти од вакцината, рече министерот.

Според едно испитување дури 71 отсто од Французите немаат доверба во вакцината на „АстраЗенека“.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинеската вакцина „Синофарм“ ефикасна во 72,51 отсто од случаите со коронавирусот

Редакција

Македонија останува на портокаловата листа за патување на Кипар: Потребен е негативен тест или потврда за вакцина

Редакција

По 16 години Германија доби нов канцелар – Олаф Шолц

Редакција