еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Adventure Macedonia и Мтел авантура низ Македонија – пејзажи кои го одземаат здивот и одлична телевизија каде и да сте

Тимот на @adventure.mk и @mtel_mk пред две недели стартуваа заедничка патување низ Македонија, Msat TV Авантура, посетувајќи различни локации.

Фотографиите и видеата од чудесно убавите пејзажи, планини прекриени во зимска идила, но и можноста да се ужива во одлична телевизија го привлекоа вниманието на нивните следбеници на социјалните мрежи.

Авантурата тргна од секогаш прекрасното Крушево. Ана и Мане од Adventure Macedonia се одлучија за кампување покрај Крушевското езеро. Додека надвор вееше снег, тие уживаа во најдобриот филмски избор на Мсат сателитската телевизија.

Специјално подготвеното теренско возило на Adventure Macedonia им овозможи да дојдат до досега недостапни места и да откријат нови природни убавини.

„Местата на кои одиме се нетипични, често непристапни и недопрени од урбаниот човек. Тоа ги прави посебни. Уживањето со @mtel_mk е во тоа што можат да нѐ следат во нашите авантури и да ни овозможат телевизија баш на ваквите места! Тогаш, задоволството е обострано“, велат Ана и Мане @adventure.mk.

Откако минатиот викенд го посетија Пелистер, следната дестинација за овој викенд е прекрасната Пониква. Планот на Msat TV Авантурата предвидува да минат пат околу Македонија за 60 дена и да посетат вкупно 14 локации низ земјава.

За своите доживувања Анa и Мане посветено ги информираат своите следбеници на социјалните мрежи преку објави на фотографии и видеа од локациите кои ги посетуваат и како тие го поминуваат времето.

Доколку сте во потрага по супер локација за вашата следна авантура, кампинг или само еднодневна прошетка следете го авантуристичкото патување на Анa, Мане и Мтел на нивните профили на социјалните мрежи и инспирирајте се’ за вашата нова авантура во природа или пак за филмско уживање во удобноста на вашиот дом.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“ донираше медицински помагала и подели новогодишни подароци на децата во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Скопје

Редакција

Светски познатиот уметник Јонас Стал го изложува најновиот проект во МСУ

Редакција

На Оревче денеска почнува првиот Филмски фестивал на плажа

Редакција