еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Галерија) Депонијата крај Вардар за некои ќар, за сите загадување: Фатени на дело како горат кабли

Густ сив чад се назира во далечина, од правецот на дивата населба под Кале, каде се упатуваме со екипата на Градскиот инспекторат. Тоа е локацијата од каде зимава во повеќе наврати се гледаше како нешто гори, а смрдеата на изгорена гума и пластика потоа се ширеше по течението на Вардар.

Во студени денови и во услови на магла, миризбата на изгорен отпад стана дел од амбиентот на мачното секојдневие на скопјани.

Додека се трускаме по нерамниот пат во лада нивата на тимот на градската инспекција, составен од комунален инспектор и комунален редар, тие ни објаснуваат како постапуваат на терен кога ги вршат редовните обиколки на бројните црни точки по градската периферија, во потрага по запалени огнови.

„Одиме на терен и по пријави на граѓани на телефонот 193, а ова е едно од местата за кое почесто се пријавува дека нешто чади“, вели инспекторот Ацо Петрушев за Мета.мк, кој додава дека честопати чадот потекнува од огништата во прикрпените трошни куќарки на Ромите, кои со години живеат во оваа дива населба, но инспекторите немаат право да интервенираат во таков случај иако се свесни дека во импровизираните печки се гори разновиден отпад, пластика, гума.

Затекнати на дело

Забележани сме оддалеку, нè пречекуваат и веднаш нè опкружуваат повеќемина жители на дивата населба, главно мажи. Има и деца од школска возраст, но ниту едно не оди на училиште, велат. „Еве, предмалку си заминаа тие што палат, како не дојдовте порано за да видите дека горат кабли за бакар и тоа веднаш до нашите куќи, децата ни ги отруја!“, им се обраќа на инспекторите Ќамуран, млад маж со негувана брадичка, светкава обетка и со смартфон кој ѕирка од џебот на тренерката.

„Ние селектираме хартија и од тоа живееме, заработувачката е мала, по еден денар од килограм ама мора од нешто да се живее“, вели тој. На местото каде до пред десетина минути нешто гореше, сега се гледа свежо изгаснато огниште.

Палењето кабли за да се дојде до бакарната жица, која е прекриена со пластика е еден од највносните бизниси во дивото селектирање на отпадот кое се одвива во градот. Кога ќе се запалат, овие кабли бргу горат, но произведуваат густ, темносив и тежок чад, исклучително токсичен и животнозагрозувачки доколку директно се вдишува.

Еден килограм така добиен бакар на црниот пазар чини помеѓу 200 и 300 денари, а една тајфа диви „рециклатори“ на каблите можат на тој начин да заработат и до 2-3000 денари на ден. Се разбира, до каблите најчесто се доаѓа по нелегален пат, преку кражби, што е работа за полицијата.

„Аа, ма каква полиција, па биле тука стопати полицајци, и ќе ги фатат на дело и само ќе им кажат-зимај бакарот и да те нема“, одмавнува со раката еден од младите на моето прашање зошто не викнат полиција ако навистина некој друг доаѓа и го пали отпадот кај нив. „Ги знаеме ние, тоа се тие од „Ранка Милановиќ“ (еден од објектите за сместување на ромски семејства од дивите населби, н.з.), доаѓаат со шипки, сакаат да се тепаат, ни прават проблеми“…

Целата репортажа прочитајте ја ОВДЕ.

Извор/фото: Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли и парична казна: „Арчелор Митал“ доби 90-дневна забрана за работа поради загадувањето на Вардар

Редакција

Од утре прeстанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз

Редакција

Од денеска на сила стапува забраната за пластични кеси: Биоразградивите ќе чинат 15 денари

Редакција