еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Филхармонија со концертот „Ну погоди“ ги врати возрасните во детството

Мултимедијалниот настан „Ну Погоди“ донесе уникатност, различност, виртуозност, визуелна магија, звучно шаренило, возбуда и радост! Синоќа, Градскиот парк беше преполн од намерници, но и од случајни минувачи кои беа сведоци на концертот „Филхармонија на отворено“ кој годинава го реализираше, за првпат во светот, концертот „Ну Погоди“ на кој беше изведена музика од најпознатите анимирани серии претежно од Источниот блок – „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Козле Бозле“, „Ла Линеа, „Как Казаки“…, и за бис – „Пинк Пантер“!

Бевме сведоци на магична изведба од страна на оркестарот на Филхармонија и хорот „ПроАрс“, на моќниот звук на бендот – Зоран Костадиновски – гитара, Иван Бејков – бас, Гордан Спасовски – клавијатури, Гоце Стевковски – тапани, Кирил Кузманов – саксофон, предводени од извонредниот Џијан Емин зад диригентскиот пулт, со врвна звучна продукција од страна на Ангел Ќосев, а сето тоа со извонредни аранжмани на Владимир Николов. Ова беше настан кој долго ќе се памети, особено поради неговата единственост.

„Филхармонија на отворено“, на 29 јуни (сабота) ќе има уште еден концерт на отворено овој пат насловен „Љубов и револуција“.

Фото: Македонска филхармонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Што нуди забавниот адреналински парк „Мега“ во Скопје

Редакција

Со „Среќна 13-ка“ на Спорт Лаиф секој месец добивки до 120 илјади денари

Редакција

„За среќно лето со Веро“ – голема наградна игра за автомобил Peugeot 308

Редакција