еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Македонските „тигри“ најспремни во светот во брзо и прецизно пукање

Во период од 14 до 20 април, во главниот град на Јордан, Аман, припадници на Единицата за специјални задачи Тигар, учествуваат на 11 меѓународен натпревар на специјални единици – KASOTC, информираше МВР на нивната фејсбук-страница.

„Натпреварот се спроведува во 5 дисциплини во текот на 5 дена, со учество на тимови од 40 земји од светот. Во една од најсложените дисциплини TOP SHOT, која се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање), тимот од ЕСЗ го освои првото место“, информираат од таму.

фото: Фејсбук-страница на МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заловена нова рисица близу Стража, убавицата е крстена Нарциса

Редакција

(Фото) Како изгледаше шпанската гастрономска атракција во Limak Skopje Luxury Hotel

Редакција

Општина Струмица даде еден милион денари од парите за новогодишното украсување за помош на болницата

Редакција