еМагазин
Image default
Локално

(Галерија) Во Скопје опожарени осум контејнери на различни локации

Два новопоставени контејнера со зафатнина од 3,2 мeтри кубни, биле опожарени во текот на изминатата ноќ на главната улица во населбата Ѓорче Петров. Во истиот период се запалени и шест пластични контејнери од 1,1 метри кубни во населбата Ново Лисиче.

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје и за време на изминатиот викенд се соочи со ваков инцидент во скопската населба Радишани, каде што изгореа три контејнери од 1,1 метри кубни и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.

„Опожарените садови се целосно уништени и неупотребливи. Веќе имавме случај на еден опожарен нов контејнер на улицата Рузвелтова, а во текот на минатата ноќ изгореа уште два нови и шест од старите садови за одлагање на отпадот.

Покрај значителната финансиска штета што е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад. Апелираме да престане вандализмот и  уништувањето на контејнерите, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани.

Сите случаи на опожарување на садовите за одлагање на отпадот се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Не пуштале полицајци да извршат контрола во угостителски објект

Редакција

48-годишен маж од Штип пронајден починат во стан во Скопје

Редакција

Две момчиња „оперирале“ во радовишко: Шест месеци краделе нафта од багери, камиони, булдожери…

Редакција