еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) Протест пред Владата и Собранието за ослободување на осудените за „27 април“

Под мотото „Правда за уставобранителите“ денеска пред Владата и Собранието се протестираше за поддршка и правда за осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Беше прочитана Декларација со барање за ослободување на осудените. Обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април“, според организаторите на протестот, се политички монтирани. Бараат од Врховниот суд да го поништи судењето, да ги укине пресудите и да има ново судење, бидејќи сметаат дека пресудите се базираат на лажни сведочења.

Протестот е во организција на македонските заедници и организации од дијаспората, а го поддржаа дел од опозициските партии меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е втор протест во организација на македонски заедници и организации од дијаспората за поддршка на осудените за 27 април. Првиот беше на 25-ти, минатиот месец.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со пари од Државна лотарија се купувале имоти во Македонија и странство, открива Тошковски

Редакција

Ден на жалост утре во Велес поради сообраќајката во која загинаа тројца велешани

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 76.223 денари убедливо на врвот

Редакција