еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Со поддршка на НЛБ Банка се одржа Аутдор фестивалот „When in Krusevo“

Од 14 до 16 февруари Крушево беше домаќин на второто зимско издание на аутдор фестивалот „When in Krusevo“, а НЛБ Банка беше горд спонзор на оваа неверојатна адреналинска авантура.

Убавото сончево време, чистиот воздух и обновените зимски капацитети, кои ги нуди Крушево ги привлече гостите да го прифатат предизвикот и да земат учество на организираните рекреативни пешачки тури, зимскиот тандем параглајдинг, јавањето коњи, дегустација на превкусните крушевски специјалитети и ноќната забава.

„Овој фестивал, благодарение на неговите летни изданија има своја верна публика и реноме поради кои од година во година привлекува се повеќе гости и љубители на адреналинските спортови. По незаборавните летни авантури, кои веќе четири години по ред се одржуваат во Крушево, чест ни е и привилегија што по вторпат уживавме во снежниот аутдор настан „When in Krusevo – Winter is here!“.

Би сакале да им изразиме голема благодарност на нашите верни пријатели од НЛБ Банка, кои ја препознаа вредноста на овој фестивал и без чија помош немаше изминатиот викенд да изгледа онака како замислувавме,“ изјави Димитар Ангелкоски еден од организаторите на настанот.

Фестивалот годинава успеа да ги исполни сите туристички капацитети на градот Крушево и како што велат организаторите, „When in Krusevo“ годинава броеше дури 270 учесници и над 2.000 посетители.

Дополнителен куриозитет за зголемената посетеност на овој зимски туристички центар се и обновените капацити на Panorama All Seasons Adventure паркот во чии рамки влегуваат жичницата, обновените и проширени скијачки патеки, новиот ски-лифт за деца и новиот супер модерен објект под името „Алто лаунџ бар“, кој е комплетно нова градба на местото на веќе постоечкиот стар објект, кој беше во многу лоша состојба.

НЛБ Банка како општествено одговорна компанија ги препозна можностите и капацитетите на овој авантуристички парк и стана еден од генералните спонзори со цел да се подигнат стандардите и да привлече поголем број посетители и туристи. Новиот Panorama All Seasons Adventure парк и НЛБ Банка, на гостите и домашните во Крушево ќе им понуди различни спортско-рекреативни содржини низ целата година.

Panorama All Seasons Adventure со поддршка од НЛБ Банка, во 2020 планираат изградба на адреналински парк со зип-лајн и други интересни содржини, кои покрај во зима, ќе го направат Крушево привлечна туристичка дестинација и во останатите три сезони.

На нам уживателите, ни преостанува да го посетиме и да се подготвиме за новиот лик и новите содржини во Крушево, како и за летната четврта по ред едиција на „When In Krusevo 2020“.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка донираше 50 илјади евра за поддршка на Министерството за здравство и Инфективната клиника во Скопје

Редакција

ЗНМ, СЕММ и ИАБ ќе соработуваат за дигиталното огласување да се одвива во медиумите во Регистарот

Редакција

Македонски кадети наградени од австриската Воена академија

Редакција