еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Сопругата на претседателот домаќин на настанот „Три генерации македонска мода – пренесување на знаење“

На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, а во соработка со професори при Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, вчеравечер во Кабинетот на претседателот се одржа настанот „Три генерации македонска мода – пренесување на знаење“.

Во своето обраќање до присутните на настанот, сопругата на претседателот истакна дека соработката со Технолошко-металуршкиот факултет започна со отворањето на канцеларијата на претседателот МладиХаб во која беа изложени креации на млади студенти од овој факултет.

„Понатаму оваа поддршка продолжува и во тој контекст е и овој денешен настан „Три генерации мода“, да се вратиме на почетоците на дизајнот во Северна Македонија, она што се случувало во минатото, моменталната состојба, но ќе имаме можност да видиме и кои се перспективите на младите генерации“, истакна Ѓоргиевска.

За работата со студентите по дизајн во изминатите осум години на настанот говореше професорката и дизајнер Лидија Георгиева, додека професорката во пензија и костимограф Зорка Тодорова –Младеновиќ ја претстави својата книга  „Како да станам моден дизајнер“ и имаше своја презентација за модата во изминатите неколку децении.

Апсолвентите на Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет, Љубица Беќарова и Катерина Димитровска на присутните гости им презентираа дел од своите креации во склоп на факултетот со коишто се претставија на модни настани и надвор од земјава, а го претставија и сè поактуелниот еколошки момент во дизајнот и грижата за животната средина преку своите креации од рециклиран материјал.

Целта на овој настан на којшто присуствуваа различни генерации на љубители и креатори на модата во нашата земја е да се промовираат младите дизајнери, да се даде поддршка на развивањето и унапредувањето на македонскиот дизајн, а преку него и заштита на културното наследство и воедно промоција на текстилната индустрија која има важен удел во развојот на економијата во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка доби национална награда за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“

Редакција

„Уживај во пролетта со Бонукс“ во Веро маркетите

Редакција

ТАВ Аеродроми повторно се здоби со сертификатот на Great Place To Work како одлично место за работа

Редакција