еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Заврши Dance OFF 2019 со над 2.700 учесници од 17 држави

Скопје викендот беше домаќин на најзабавниот и најинтересен меѓународен натпревар во танцување, Dance OFF. Истиот беше организиран во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ од страна на танцовите студија „Eat the beat“ и „Break a leg“.

Оваа е 4-та година по ред од кога се одржува Dance OFF и во 2019 се почуствува дека беше исполнет со 4 пати повеќе енергија.

Dance OFF е во склоп на настаните на светската танцова федерација (ИДО) и имаше над 2.700 учесници од 17 држави како Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Данска, Русија, Полска, Словачка, Италија, Словенија, Романија, Украина и други.

Најдоброто од викендот беше на Гала вечерта во неделата каде настапија 18-те финалисти од двата дена. Од нив првото место го освои кореографијата „Disconnected“, второто „Work hard, play hard“ и третото „Momma I hit a lick“.

„За следното издание очекувајте уште повеќе!“, порачаа организаторите Трајче Петковски и Илија Карадакоски пред присутните.

Главни покровители на самиот настан се Министерство за Култура и ЕСМ, а поддржувачи се Екотех, Тав аеродроми, Битсиани, ИН Такси, Метрополис, Сити радио, Клуб ФМ, Вива и Орбит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ 2019“ ја собра европската балетска и танцова елита на едно место во Скопје

Редакција

Две награди за „Кривогаштани промет“

Редакција

„Бритиш Американ Тобако“ стана работодавач-партнер во седум различни земји!

Редакција