еМагазин
Image default
Бизнис

ГД Тиквеш лани со добивка

ГД Тиквеш АД Кавадарци лани оствари оперативни приходи во износ од 202.271 илјади денари, кои споредбено со минатата година се зголемени за 3%, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Оперативните расходи за периодот изнесуваат 202.791 илјади денари, што споредбено со претходната година значи зголемување за 9%.

Разликата од оперативните приходи и расходи, како и разликите на залихите на почетокот и на крајот на периодот резултира со позитивен резултат, односно со оперативна добивка од 3.870 илјади денари.

Друштвото во 2022 година оствари добивка од своето работење во износ од  2.177 илјада денари. Оваа добивка се намалува за данокот на добивка, пресметан за 2022 година, кој изнесува 135 илјади денари и Друштвото ја добива својата нето добивка во износ од 2.042 илјади денари, што претставува намалување на финасискиот резултат во споредба со претходната година, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мнозинскиот сопственик Ристо Милев со понуда за преземање на 28.438 акции на ГД Тиквеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на каматите кај кредитите и кај депозитите во август

Редакција

Во блок-трансакција продадени 38.630 акции од „Макошпед“

Редакција

Поскапе ли рускиот гас во Македонија?

Редакција