еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Генијален роман за потрагата по изгубеното време, ремек-дело во низата одлични приказни на Митко Маџунков

Редок и неповторлив книжевен мајстор, Митко Маџунков е еден од македонските автори кои непоколебливо го одржуваат квалитетот на домашната книжевност.

„Времето пред приказната“, неговиот последен роман што излезе од печат во декември, во издание на Издавачки центар ТРИ, го збогати не само неговиот личен опус со уште едно импресивно дело туку и целокупната македонска литература.

Романот е редок пример на една раскошна епска сага, која всушност е слика на нашето време, на нашето непосредно минато, на нашата сегашност и најблиска иднина.

Времето кај Митко Маџунков не се мери со часовник, а историјата е собрана на едно место – искористена за да се создаде нова што ќе се темели врз критиките на големите светски мислители.

Проникнат со мисловна и јазична густина, најновиот роман на Маџунков е полифонична приказна во која секоја реченица крие повеќе значења и се разгранува во повеќе можни текови.

За своето творештво Маџунков е добитник на повеќе книжевни награди и признанија: „Исидора Секулиќ“, Рациново признание, „Војдан Чернодрински“, Роман на годината на „Детска радост“, Книга на годината на Македонската книжевна фондација, двапати ја добил Годишната награда на својот роден град Струмица, а оваа година токму со „Времето пред приказната“ е во изборот за престижната награда Роман на годината за 2022 година.

Уникатни се авторите кои создаваат безвременски дела, како што тоа несомнено му успева на Маџунков. Сето наследство што несебично ни го оставаат го втиснуваат во идентитетот на македонскиот човек, кој по читањето на книгите каква што е „Времето пред приказната“ повеќе не е (и не треба да биде) ист. Зашто таквите романи имаат моќ да поттикнат на промислување и на промена.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петре М. Андреевски продолжува да „живее“ во неговата Слоештица и преку изложба во новоотворениот Мултифункционален центар

Редакција

Традиционалната манифестација Галичка свадба се одложува, заради заштита на јавното здравје

Редакција

И Штип му се поклони на Шопов со промоција на „Од онаа страна на Небиднината“

Редакција