еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Латас остана без пасош, со Лазаров добија и забрана за јавни настапи

Новинарот Драган Павловиќ Латас по барање на Јавното обвинителство остана без пасош, а заедно со јутјуберот Стефан Лазаров, по интервјуто кое предизвика лавина од реакции, добија и забрана за јавни настапи, информираат од Основниот кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение против Латас и Лазаров, за новинарот се бара одземање на пасошот, а на двајцата да им се забранат јавни настапи

-Заради интерес на медиумите поврзан со обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство против две лица за кривично дело “Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од чл. 394-г ст.1 вв со чл. 22 од КЗ, ја информираме јавноста дека по добивање на обвинителниот предлог, оформен е предмет со К.бр 457/23, кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни, кој постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против двете лица донесе решение со кое предлогот на ОЈО Скопје се уважува, и на обвинетиот Д.П.Л. му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

На обвинетиот С.Л. исто така му се определива мерка на претпазливост заради присуство на обвинетиот и тоа – Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 3 дена по приемот до Апелациониот суд Скопје, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Латас се извини: Целта е да ме тргнат од јавноста

(Видео) Лазаров остана без спонзори, се извини што дозволил да се емитува интервјуто со Латас

Фото: Јутјуб/Лазаров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најниски плати во октомври

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на еуродизел вреден 13,2 милиони евра

Редакција

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“

Редакција