Претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози што ги изнесе за да се реши проблемот со Бугарија, било да се стават старо-нови идеи на маса со цел излез од ќорсокакот со Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Без никаква координација, како што гледате се оградија и од едната и од другата страна, ја дадов оваа идеја за да излеземе од ќорсокакот во кој се наоѓаме после бугарското вето што се случи пред три-четири месеци, а како што ми стои работата и наредната сесија, не гледам дека нешто посериозно се случува, оценува Георгиевски.
Вели дека тоа било идејата, да се стават старо-нови идеи на масата, некои идеи малку модифицирани и да се тргне напред кон решавање на проблемот.
-Имаме конкретен проблем – Македонија е блокирана во евроатлантската интеграција и ни треба решение како да излеземе и како да одиме напред. Навистина сметам дека Македонија не заслужува да изгуби 20 години во дискусија со Бугарија, туку и две години да ги изгуби мислам дека се многу на патот на европската интеграција, рече Георгиевски.
Како што кажа, отсекогаш кршел табуа во политиката од деведесетите години и според него, во минатото Македонците биле порасположени за Југославија.
Георгиевски обелодени и дека бил прв што ја предложил додавката Северна Македонија. Смета дека тој го направил најпатриотскиот чин во однос на Бугарија.
-Со една декларација во која нема ниту една обврска кон Македонија затворивме прашање кое стоеше една деценија со Бугарија и ги почнавме добрите односи со Иван Костов.
Со таа декларација, Македонија требаше да биде само пријател со Бугарија, ништо повеќе, никакви историски, етнички, идентитетски обврски, истакна Георгиевски.
Георгиевски во саботата на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, „ќорсокакот во односите со Бугарија“.
Тој предлага Северна Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон Источна Македонија и нема да го помага македонското малцинство во Бугарија.
Понатаму, бугарскиот Парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година.
Натаму тој се залага за промена на стратегијата на историските комисии, а последно тој предлага македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев се огради од сканадалозните предлози на Георгиевски за решавање на спорот со Бугарија
МИА/Фото: Фејсбук/ВМРО Народна