еМагазин
Image default
Свет

Германски виролог: Кој не се вакцинира, тој одлучил да се зарази

Германскиот виролог Кристијан Дростен очекува населението во Германија во следните година и половина да стекне имунитет против коронавирусот.

– Тоа ќе се случи со вакцинација или природна инфекција. Овој вирус ќе стане ендемичен и нема да исчезне. Секој што ќе одлучи да не се вакцинира, неминовно ќе се зарази, рече Дростен.

Тој истакна дека против тоа не може ништо да се стори, бидејќи епидемиолошките мерки со време ќе се укинат.

После тоа, вирусот ќе циркулира меѓу населението кај оние кои не биле имунизирани и малите деца кои не можат да се вакцинираат.

– Вирусот незабележливо и понатаму ќе се шири, а потоа ќе наиде на луѓе кои не се вакцинирале, објасни Дростен.

Тој очекува и следната зима да има тешки ковид пациенти на интензивна нега.

– Оние кои активно ќе се одлучат против вакцината, мора да знаат дека со тоа активно се одлучиле за природна инфекција, подвлече тој, додавајќи дека тоа е слободна одлука на секој поединец.

МИА/Фото: Photo by Ivan Diaz on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русите зазеле украински остров кој е од големо стратешко значење

Редакција

(Видео) Украинците тврдат дека го погодиле со проектил: Потона „Москва“, главниот брод на руската Црноморска флота

Редакција

Кој ќе го наследи Столтенберг на чело на НАТО: Како се избираат кандидатите и кој е во игра

Редакција