еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Делта сојот нагло ќе го зголеми број на заразени со Kовид-19, прогнозира Европскиот центар за превенција и контрола на болести

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) очекува нагло зголемување на инфекциите со коронавирусот во Европа поради ширењето на варијантата Делта.

Врз основа на анализи за земјите од Европската економска област (ЕЕА), агенцијата со седиште во Стокхолм очекува бројот на случаи во регионот да се искачи на 662,9 нови инфекции на 100.000 жители во првата недела од август.

ЕЕА опфаќа 27 членки на Европската унија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Стапката на инциденца од седум дена беше 89,6 минатата недела, како резултат на зголемувањето на инфекциите во претходните две недели, според последниот извештај на ECDC за коронавирусот.

До крајот на неделава на подрачјето на ЕЕА може да има 144,6 нови инфекции на 100.000 жители, покажува извештајот, пренесува ДПА.

После тоа, инциденцата нагло ќе се искачи на проценетите вредности од 262,2 и 420,4, па дури и на 622,9 во следните недели.

Се очекува дека сегашното континуирано влошување на епидемиолошката состојба во многу земји ќе продолжи поради наглото зголемување на делтата варијанта.

Најновиот пораст на инфекции е забележан кај помладите возрасни групи.

МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нобеловецот Кругман: Инфлацијата ќе се стабилизира, бидејќи инфлаторните очекувања се краткотрајни

Редакција

Пуштена во употреба салата „Партизан“

Редакција

Црн рекорд: Од Ковид-19 починаа 40 лица

Редакција