еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Обвинителство му одреди притвор: 18-годишно момче од Гостивар обљубил 12-годишно девојче кое му било роднина

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот на 15 јули 2021 година, околу 14:30 часот извршил обљуба со крвен сродник во права линија, дете на возраст од 12 години.

Осомничениот ја пресретнал оштетената на пат и послужувајќи се со лага ја насочил да се движи кон блиската продавница. По патот, во близина на стадион, тој започнал да ја влече оштетената за рака и насилно ја внел во тоалетите на објектот, каде преземал дејствија со кои го извршил кривичното дело.

Поради тежината на стореното кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство, страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, обвинителството до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице,“ се вели во соопштението од Обвинителство.

Предлогот на обвинителството е прифатен и Основниот суд Гостивар со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Струга во новогодишно руво

Редакција

Злоупотребата на историјата води кон трагични војни, предупредуваат историчари од поранешна Југославија

Редакција

Средба на Ковачевски и Мицкоски во среда

Редакција