Минатиот четврток за компаниите-членки на Македонско германското стопанско здружењние организиравме работна средба со претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, информира Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.
„Тој во своето обраќање како клучни темели на идната економската политика на Владата ги наведе задржувањето на квалификуваната работна сила во земјата и јакнење на правната сигурност за компаниите.
Според компаниите-членки, еден од главните приоритети за остварувањето на овие цели е јакнењето на ефикасноста на администрацијата. Јакнењето на капацитетите на администрацијата истовремено е од клучно значење за подобро искористување на државните капитални инвестиции.
Претседателот на Владата најави формирање на One-Stop-Shop оддел во Владата кој ќе се грижи за странските инвеститори, нивните потреби и барања. Исто така, му ја пренесовме и желбата на компаниите кои работат во Технолошките индустриски зони за самостојно поставување на фотоволтаични системи на покривите од нивните фабрики.
Доколку се исполни ова барање, Владата ќе исполни голема желба на компаниите и истовремено би ги ставила на исто рамниште со компаниите кои работат надвор од Технолошките индустриски зони.
Во својот говор, претседателот на Владата исто така потенцираше дека Северна Македонија е земја со кратки релации, односно компаниите имаат лесен и брз пристап до Владата,“ информираат од Делегацијата на германското стопанство.
Фото: Unsplash