еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Германските компании излезот од кризата со глобалните синџири на снабдување го гледаат во земјите од Западен Балкан

Пандемијата која ја предизвика коронавирусот и војната во Украина ги тресат глобалните синџири на снабдување, вели Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

Како резултат на овие случувања, тешко е да се најдат алтернативи за компании-добавувачи во Европа. Како опција се нудат земјите од Западен Балкан.

„Поради војната во Украина, мошне актуелна е темата пронаоѓање на компании-добавувачи за синџирите на снабдување кои се лоцирани на Западен Балкан.

За германските компании-купувачи се нудат можности за пронаоѓање на компании-добавувачи на Западен Балкан, бидејќи регионот географски се наоѓа пред портата на Германија.

На 30 јуни ќе бидам во Нирнберг заедно со моите колеги Амра Шурковиќ од Делегацијата на германското стопанство во Босна и Херцеговина и Коста Јовиќ од Германската комора во Србија.

Пред компании од покраината Франконија во Индустриската и трговската комора на Нирнберг ќе ги презентираме можностите кои ги нудат нашите пазари,“ вели Мартенс.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Биониженерот Кунгуловски: Носењето маски на отворено кога нема висока агрегација на луѓе е небулозно и бескорисно

Редакција

62-годишен маж се самозадоволувал пред малолетничка, ја допрел и по телото

Редакција

Кои се членовите на Управниот одбор на ТТК Банка?

Редакција