еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Почетокот на бонус играта „Бонус online“, Државна лотарија го одбележува со донација за Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле

Државна лотарија на барање на учесниците во игрите на среќа започна втора сезона од бонус играта за забава и добивки „Бонус online“, информираат од таму.

Почетокот на играта, го одбележа со автомобилистот Ристо Вуков – Рико, кој вчера, на 9.6.2022 година, гостуваше во Лото емисијата и за првпат во втората сезона, симболично го заврте тркалото на среќата.

Сумата од 100.000 денари испишана на полето на коешто застана стрелката, Државна лотарија ја триплираше, со цел донација од 300.000 денари за ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања кај децата – КОЗЛЕ.

Нашиот спортист Ристо Вуков – Рико е еден од нашите најдобри автомобилисти којшто како бренд амбасадор ја пренесува пораката за одговорно учество во игрите на среќа, поволностите на брзото, лесно и безбедно онлајн учество преку веб-страната www.loto.mk и потсетува дека преку учество во игрите на среќа на Државна лотарија, сите придонесуваме за поддршка на општествено корисни цели.

Сите коишто сакаат да учествуваат во бонус играта „Бонус oline“ можат да се регистрираат брзо, безбедно и лесно на веб страната www.loto.mk и да ги уплатат среќните бројчиња. Доколку бидат извлечени по електронски пат добиваат ексклузивна можност да го завртат Тркалото на среќата во Лото емисија и да добијат бонус од 50.000, 100.000 или 150.000 денари.

Минатата сезона на бонус играта „Бонус online“ беа освоени вкупно 2.200.000 денари, а со тоа испишавме бројни среќни приказни на нашите online играчи, велат од Државна лотарија

-Државна лотарија е активен член на нашето општествено живеење и донира во општествени одговорни цели согласно своите начела и стратегија на делување.

Нашите игри на среќа менуваат животи, не само за добитниците туку и за сите оние коишто се крајни корисници на општественоодговорните цели во коишто се инвестира со секоја нова уплата, велат од компанијата.

Повеќе податоци на www.loto.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РФМ со донација за борбата против коронавирусот, нема да користи ни државна помош за плати

Редакција

(Галерија) Избрани мажите на годината: Чадиковски, Димитров, Мукаетов, Јанески…

Редакција

(Видео) Како до промена? Да ги избереме најдобрите за јавните претпријатија

Редакција