еМагазин
Image default
Локално

Ги блокирале сред автопат со „Порше“ и „Мерцедес“ и ги нападнале

На 16.10.2018 година во Секторот за внатрешни работи Скопје, Б.М.(29) од Крива Паланка пријавил дека истиот ден околу 06.55 часот на автопатот Куманово-Скопје, во близина на клучката Илинден, физички бил нападнат од две непознати лица, информира МВР.

Според пријавата, додека Б.М. управувал патничко возило „Сеат“ во кое како сопатници биле Д.А.(28), Х.М.(19) и Д.М.(35), сите од Крива Паланка, пред него се движело патничко возило „Мерцедес“, а позади него патничко возило „Порше“.

Б.М. со своето возило не успеал да се престрои на знак од возилото „Порше“, по што тоа удрило во задниот дел од неговото возило. Кога застанал од двете возила излегле непознатите лица и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска работа: Украле седум сообраќајни знаци

Редакција

(Фото) Струга забрани шетање низ градот во бикини и костуми за капење, поставени се и предупредувачки знаци

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Се урива галијата кај Холидеј Ин

Редакција